Утрински Весник
Свет

Украински власти: Окупаторите го слават Денот на победата на коските на жителите на Мариупол

Украинските власти ја коментираа прославата на Денот на победата во окупираниот Мариупол, пишува Си-ен-ен.

Советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко изјави дека немало парада, туку дека цвеќе е положено на споменикот што неодамна го реставрираа сепаратистите поддржани од Русија.

– По повод прославата на 9 мај, окупаторите запалија вечен оган на Савур Мохила (Мохила), воен споменик во регионот Доњецк од факел од вечниот оган во Москва. Гротескната комбинација на традицијата на Олимпијадата и Вознесението на Благодатниот оган на Велигден е најдобрата демонстрација на суштината на Денот на победата за Русите – рече Андриушченко.

Градскиот совет на Мариупол објави дека окупаторите го слават Денот на победата на коските на жителите на Мариупол.

– Стотици граѓани убиени од руската војска се уште се носат во масовна гробница кај селото Винохрадње – соопшти градскиот совет на Мариупол, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот