Утрински Весник
Свет

Украинските сили го гранатираа Доњецк со забрането оружје, соопштиja од самопрогласената Република Доњецк

Украинските сили го гранатираа Доњецк со забрането оружје, соопштиja од самопрогласената Република Доњецк

Утринава украинските сили го гранатираа Петровскиот кварт во Доњецк, истрелаа осум гранати од 122 милиметри, што се забранети со договорите од Минск, соопшти претставништвото на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) од Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Украинските сили ја гранатираа и Михајловка во ДНР со мини од 120 милиметри, пренесуваат руските агенции.

„Забележано е гранатирање на украинските вооружени сили на населбата Каштоново, истрелани се 20 ракети од фрлачот Град-БМ-21“, се вели во соопштението, а пренесе ТАС С.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја