Утрински Весник
Економија

На Германија ќе ѝ требаат три години за да стане независна од рускиот гас

На Германија ќе ѝ требаат три години за да стане независна од рускиот гас

На Германија ќе ѝ требаат три години да организира алтернативно снабдување со гас за да стане независна од гасот од Русија, изјави извршниот директор на германскиот енергетски гигант E.ON.

„Проценивме дека за тоа ќе биде потребен период од три години“, изјави извршниот директор на E.ON, Леонхард Бирнбаум, за германската ТВ емисија „Тагестемен“, на прашањето колку брзо Германија може да се откаже од рускиот гас.

„Без снабдување со руски гас, германската економија би претрпела огромна штета, што треба да се избегне доколку е можно“, додаде тој.

Тој, исто така, предупреди на несакани ефекти поради недостигот на компоненти и суровини во различни индустрии.

На состанокот на лидерите на Европската унија во петокот немаше заеднички став за минатонеделното барање на Русија дека непријателските земји мора да го плаќаат рускиот гас во рубли, а не во евра.

Тоа следеше откако САД и европските сојузници се здружија околу серија санкции насочени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Можете да прочитате

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете живее во сиромаштија!

МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026″

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДС да зборува за економија, a токму тие ја оставија државата со празна каса