Утрински Весник
Свет

Украинските власти: Денеска евакуација на цивили од Мариупол

Украинските власти: Денеска евакуација на цивили од Мариупол

Украинските власти се надеваат дека цивилите блокирани во опколениот град Мариупол денеска ќе можат да го напуштат градот со приватни автомобили, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Повторените обиди да се организира безбедно излегување на цивилите од јужниот пристанишен град, кој е под опсада на руските сили, не успеаја.

Мариупол, град со околу 400.000 жители, со недели е под силно руско бомбардирање. Цивилите беа заглавени во градот, криејќи се во подруми со слаби резерви на храна и вода и без снабдување со електрична енергија.

Оние кои успеале да излезат од Мариупол ќе можат да се возат со автобуси кои чекаат да бидат превезени до блискиот град Бердјанск, кој ќе ги префрли во градот Запорожје, рече Верешчук.

„Ќе направиме сè што е во наша моќ жителите на Мариупол да ги однесеме до Запорожје со автобус“, рече таа, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп