Утрински Весник
Магазин

Украинскиот коментатор на Евросонг го следел полуфиналето во засолниште

Украина синоќа се пласираш во финалето на Изборот за песна на Евровизија.

Бендот „Калуш оркестра“ ја воодушеви публиката во Европа, а според многумина, ситуацијата во земјата  не е единствената причина зошто момците имаат толку голема поддршка.

Изборот за песна на Евровизија синоќа беше следен во делови на Украина, а на „Твитер“ се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следеше натпреварувањето и го пренесуваше на украинската државна телевизија.

Мирошниченко го емитува музичкиот спектакл од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на „Твитер“ од страна на британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи.

Украина е главен фаворит на обложувачниците оваа година со рекордна поддршка. На песната Stefania ѝ даваат дури 50 % шанси за победа.

Можете да прочитате

Зимски замор по празниците: кој додаток навистина му недостасува на телото во јануари?

Кардиолозите предупредуваат: оваа секојдневна храна тивко ги уништува артериите

Хороскопски знаци со најдлабока и најинтензивна интимна енергија