Утрински Весник
Свет

Гутереш: Војната во Украина нема да трае вечно, но преговорите нема да бидат наскоро

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека ќе дојде време за мировни преговори за Украина, но дека тоа не го очекува во блиска иднина.

– Оваа војна нема да трае вечно. Ќе дојде време кога ќе има мировни преговори – рече Гутереш на прес-конференција со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен.

Гутереш додаде дека не гледа преговори во блиска иднина, но нагласи дека ОН никогаш нема да се откажат, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот