Утрински Весник
Свет

Украина ѝ испрати на Литванија над 38 тони бодликава жица за ограда на границата со Белорусија

Украина ѝ испрати на Литванија над 38 тони бодликава жица за ограда на границата со Белорусија
Dik 300x250 mk

Украинските власти испратија повеќе од 38 тони бодликава жица во Литванија како хуманитарна помош за да помогнат во опремувањето на државната граница на Литванија поради приливот на нелегални мигранти од Белорусија, објави украинската Државна служба за итни случаи.

„Повеќе од 38 тони хуманитарна помош се испратени денеска од Украина во Литванија. Ова е прва од трите фази на помош што Украина ја испраќа во согласност со декретот на претседателот Владимир Зеленски и резолуцијата на Кабинетот на министри“, се вели во изјавата.

Украинската влада донесе одлука на 28 јули да испрати бодликава жица во Литванија за опремување на литванската граница, а претседателот Зеленски го потпиша соодветниот декрет. Помошта е наменета за зајакнување на заштитата на литванските граници од нелегални мигранти.

Повеќе од 3.000 нелегални мигранти од Азија и од Африка, 37 пати повеќе во споредба со 2020 година, се приведени на литванско-белоруската граница од почетокот на годинава. Соочена со проблемот за сместување на нелегалните мигранти, Литванија одлучи да изгради ограда од бодликава жица на 550 км од својата граница, но изјави дека нема доволно материјали за тоа.

Литванската влада претходно објави дека Естонија одлучила да му испрати бодликава жица на Вилнус за опремување на 100 км од границата.

Литванското МВР смета дека е неопходно да се изгради и ѕид на границата со Белорусија. Литванските власти тврдат дека Минск намерно им дозволува на мигрантите да преминат во Литванија за да извршат притисок врз Вилнус. Минск ги отфрли овие обвинувања.

Можете да прочитате

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк