Утрински Весник
Свет

Украина: Руските војници во Белорусија менуваат гориво за алкохол

Украина: Руските војници во Белорусија менуваат гориво за алкохол

Украинското Министерство за одбрана утрово објави информација за корупција меѓу руските војници стационирани во соседна Белорусија. Според украинската страна, руските војници продавале гориво и залихи, а во некои случаи ги менувале за алкохол.

Украинската армија утрово објави и дека руските сили досега изгубиле 582 тенкови, 294 парчиња артилерија, 93 повеќецевни ракетни фрлачи, 52 противвоздушни системи, 73 цистерни со гориво и 1.114 други возила во Украина.

Можете да прочитате

Поради снежната бура во САД откажани 9.000 летови

Трамп создаде нов светски поредок

Дел од авиокомпаниите ги откажаа летовите кон Блискиот Исток поради безбедносни ризици