Утрински Весник
Свет

Украина побара од Израел да посредува во преговорите со Русија

Украина побара од Израел да посредува во преговорите со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од израелскиот премиер да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија.

„Тие не одбија. Тие се обидуваат да видат каде се во оваа шаховска партија“, рече украинскиот амбасадор во Израел, цитиран од „Њујорк тајмс“.

Зеленски тоа го побарал при синоќешниот телефонски разговор со Нафтали Бенет. Ова не е прв пат Зеленски да упати вакво барање, но е првпат од почетокот на руската инвазија.

Израел е една од ретките земји која има релативно добри односи и со Русија и со Украина, пишуваат медиумите.

„Сакаме преговорите да се одржат во Ерусалим. Мислиме дека Израел е вистинската земја за такви преговори среде војна“, му рекол Зеленски на Бенет.

Засега не е познато како израелскиот премиер реагирал на ова барање, а неговиот кабинет одби да го коментира телефонскиот повик.

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести