Утрински Весник
Свет

Украина забрани употреба на руската вакцина во земјата

Украина забрани употреба на руската вакцина во земјата

Украинскиот парламент го усвои предлогот насочен кон забрзување на вакцинацијата против Ковид-19, кој вклучува и забрана за вакцини произведени во Русија.

Украинската влада соопшти дека очекува во февруари да добие од 100.000 до 200.000 дози на вакцини произведени од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германскиот „БиоНТех“, како дел од глобалната шема за набавки Ковакс.

Ниту една вакцина против Ковид-19 сè уште не е одобрена за употреба во Украина, но властите постојано повторуваат дека Киев нема да одобри вакцини од Русија, со која Украина ги заостри односите, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пад на цените на нафтата по објавата за можен договор меѓу САД и Иран

Над 900 случаи на ебола во Конго

Има сериозен предлог за договор меѓу САД и Иран тврди Рубио