Утрински Весник
Спорт

Украина договори контролен натпревар со Борусија

Фудбалската репрезентација на Украина на 11. мај ќе одигра пријателски натпревар против Борусија Менхенгладбах, соопшти украинската федерација. Натпреварот ќе се игра во Менхенгладбах, како дел од подготовките на Украина за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство.

Фудбалскиот сојуз на Украина изрази благодарност до Борусија, и порача дека овој натпревар ќе биде „важен елемент“ во подготовките за баражот за Светското првенство во Катар.

Полуфиналниот бараж натпревар меѓу Украина и Шкотска беше поместен од 24.март на 1.јуни на барање на Украина, по руската инвазија во февруари.

Подготвките украинските репрезентативци ќе ги започнат во Словенија.

Полуфиналниот натпревар од баражот, меѓу Шкотска и Украина, ќе се игра во Шкотска, а победникот ќе гостува во Велс во финалето на баражот.

> Украина договори контролен натпревар со Борусија <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари