Утрински Весник
Македонија

Украден автомобил на жител од Дебар

Украден автомобил на жител од Дебар

Жител од Дебар бил измамен кога од него било побарано да го изнајми својот автомобил, а потоа лицето на кое возилото му било изнајмено не го вратило, информират од МВР.

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против лицето Џ. С. (43) од скопското село Шишево поради сомнение за сторено кривично дело измама.

Тој на 9.1.2021 го довел во заблуда Д. М. од Дебар, од кого претходно изнајмил возило „бмв X5“.

По истекување на договорот за изнајмување, пријавениот не му го вратил возилото на оштетениот со образложение дека му го одзеле лица на кои наводно им должел пари.

По преземените мерки, полициските службеници констатирале дека пријавениот направил фалсификуван купопродажен договор во кој прикажал дека оштетениот му го продал возилото. Потоа го одјавил и го продал на лице од Куманово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

За три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, приведени 43 лица