Утрински Весник
Спорт

Удар за Шведска – Кулушевски е заразен со корона, нема да игра со Шпанија

Удар за Шведска – Кулушевски е заразен со корона, нема да игра со Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Олаф Андерсон има големи главоболки пред стартот на Европското првенство.

По хендикепот Шведска да не може во својот состав на континенталниот шампионат да го има најдобриот стрелец во сeлекцијата – Златан Ибрахимовиќ (поради повреда), сега и младиот напаѓач со македонско потекло, Дејан Кулушевски е надвор од стројот. Тој е позитивен на коронавирус, и тоа на само неколку дена пред стартот на шампионатот.

Шведска идниот понеделник го игра првиот меч на ЕП и тоа против фаворитот Шпанија, а фудбалерот на Јувентус со сигурност нема да биде во составот за овој меч.

„Кулушевски е позитивен на коронавирус, се заразил за време на летниот одмор. Среќна околност е што речиси и да немал контакт со останатите фудбалери. Оние кои му биле во близина ќе бидат следени во наредните денови, па потоа и ќе ги тестираме“ – изјавил денеска репрезентативниот доктор.

Непосредно пред дуелот со Шведска ќе бидат тестирани сите останати фудбалери, а селектор решил засега да не повикува дополнителни фудбалери.

„Трите круни“ се дел од групата Е каде освен „Фуријата“ се и селекциите на Полска и Словачка.

> Удар за Шведска – Кулушевски е заразен со корона, нема да игра со Шпанија <

Можете да прочитате

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија