Утрински Весник
Свет

Убиство во ковид-болница во Атина, пациент бил исклучен од респиратор

Убиство во ковид-болница во Атина, пациент бил исклучен од респиратор

Човек што се лекувал од Ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откога го исклучил од респиратор, соопшти денеска грчката полиција.

Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останаува под стража во атинската болница сѐ додека не закрепне, пренесе агенцијатa „Ројтерс“.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од Ковид-19, починал во средата вечерта откога лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на доктор.

Двајцата пациенти лежеле на истото одделение, информираат од полицијата.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички