Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Убиен новинар во Мексико – известувал за криминалот и насилството на бандите

Убиен новинар во Мексико – известувал за криминалот и насилството на бандите
Img 7972

Мексикански новинар почина откако бил застрелан во главата пред неговата куќа во северниот пограничен град Тихуана, соопштија официјални лица.

Маргарито Мартинез (49) работел повеќе од 10 години во Тихуана за неколку национални и меѓународни вести и известувал за криминал и насилство од бандите во градот на границата меѓу САД и Мексико, пренесува Ројтерс.

Канцеларијата на главниот државен обвинител соопшти дека службениците кои се јавиле на повикот на Брзата помош го пронашле телото на Мартинез пред неговата куќа со повреда на главата предизвикана од огнено оружје.

Еден од неговите колеги рече дека Мартинез бил вклучен во државна програма насочена кон заштита на животите на новинарите.

Неодамна влезе во програмата за заштита бидејќи добиваше закани“, изјави новинар кој сакаше да остане анонимен.

Тихуана стана еден од градовите во Мексико со најмногу насилство поради судирите меѓу нарко бандите кои се борат за шверцерски рути.

Мартинез е вториот новинар убиен оваа година во Мексико, по смртта на Хозе Гамбоа минатата недела во југоисточната држава Веракруз.

Од 2000 до 2021 година, групата за човекови права „Член 19“ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, а минатата година биле убиени седум новинари.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори