Утрински Весник
Свет

Убиени шест полицајци во напад на нарко банди во Мексико

Шест полицајци загинаа, а четворица се ранети во пограничната држава Њу Леон на северот на Мексико, откако биле нападнати од нарко банда, опремена со 10 оклопни автомобили и тешко оружје.

Државната полиција соопшти дека патролата била побројна во нападот пред зори, на автопатот што води кон граничниот премин со САД, пренесува агенцијата АП.

Како што наведоа, полицајците „херојски“ делувале во нападот. Државното обвинителство соопшти дека еден службеник е меѓу загинатите.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачите, но во блискиот град Нови Ларедо долго време доминира насилен североисточен картел. Во последната деценија, државата Њу Леон претрпе тешко насилство, поради стариот картел Зетас.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат