Утрински Весник
Свет

Уапсен шверцер на слонови коски по потерница на САД

Уапсен шверцер на слонови коски по потерница на САД

Кениската полиција го уапсила Абубакар Мансур Сурур, кого САД го бараат поради шверц на слонови и рогови на носорози, соопштиле властите во Момбаса.

Ројтерс пренесува дека Абубакар Сурур бил уапсен откако слетал во Мумбаса од Јемен, и дека Американската управа за борба против наркотици го товари Сурур и уште тројца други за здружување со цел шверц на најмалку 190 килограми рогови од носорог и 10 тони слонова коска, со вкупна вредност над 7 милиони долари.

Покрај тоа, Сурур е обвинет за перење пари и дистрибуција на хероин.

„ Потрагата по Сурур трае веќе 2 години, а во понеделникот добивме информација дека со 33 други патници ќе пристигнат со авион во Момбаса од Јемен“, рече првиот човек на одделот за борба против наркотици на кениската полиција, Хамиси Маса за Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масакр во САД: Маж упаднал кај своите родители и си го убил целото семејство

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт

Трамп: Ормуска Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен