Утрински Весник
Свет

Уапсен советник на бугарскиот претседател

Уапсен советник на бугарскиот претседател

Советникот на бугарскиот претседател за правни прашања, Пламен Узунов, е уапсен по претходно извршениот претрес во неговиот кабинет, пренесува Бугарското национално радио повикувајќи се на адвокатот на Узунов.

Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешов изјави дека во тек се два одвоени истражни процеса, од кои едниот го спроведува Военото окружно обвинителство, а вториот специјалното обвинителство.

Името на Пламен Узунов повеќепати беше доведувано во врска со бизнисменот Пламен Бобоков.

Претходно, беше објавено дека бизнисменот Пламен Бобоков разговарал со Пламен Узунов и унапредувал на позицијата амбасадор луѓе што го интересирале. Подоцна, се дознало дека за именувањето на амбасадор во Нигерија, Бобоков разговарал и со самиот претседател.

Освен тоа, Бобоков му се обраќал за помош на Узунов за да обезбеди државјанство за Русон, што Бугарија на почетокот го третира како лице што претставва опасност за националната безбедност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Извршителите на тестаментот на Џефри Епстин се согласија на исплата од 35 милиони долари за решавање на колективната тужба

Британија очекува да остане повластена во трговијата со САД

Нова трамвајска несреќа во Сараево