Утрински Весник
Свет

Уапсен после 50 години бегство од притвор

Уапсен после 50 години бегство од притвор

Федералното истражно биро – ФБИ соопшти дека е уапсен маж кој во 1971 година побегнал од притвор.

Леонард Рејн Мозес побегнал од притвор како тинејџер, додека траело повторното судење за убиство од прв степен, извршено за време на граѓанските немири по убиството на Мартин Лутер Кинг во 1968 година, соопшти ФБИ.

Истражителите го пронашле Мозес така што ги споредиле неговите отисоци од прстите од 1968 година со отисоците земени за време на едно апсење претходно оваа година, навел специјалниот агент од Питсбург, Мајкл Кристман.

„ Со овој нов напредок во технологијата, ФБИ мора да продолжи да ги идентификува сторителите и да ги користи за да осигури дека оние кои сториле злосторства ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Кристман.

За време на немирите во Питсбург по убиството на Мартин Лутер Кинг, Мозес и група луѓе фрлиле молотов коктел врз една куќа на 6 април 1968 година. Една жена се здоби со тешки изгореници, од кои починала неколку месеци подоцна.

Мозес е осуден на доживотен затвор за убиство од прв степен.

Сепак, Врховниот суд во Пенсилванија смета дека Мозес, 16-годишник во тоа време, бил премногу млад и решил да го врати предметот на повторно судење.

Тој избегал од притвор на 1 јуни 1971 година, додека присуствувал на погребот на неговата баба во Питсбург.

Го користел лажното име Пол Диксон, барем од 1999 година. Под тоа име, тој работел како патувачки фармацевт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење