Утрински Весник
Македонија

Уапсен крадец од Штип при извршување на тешка кражба

Уапсен крадец од Штип при извршување на тешка кражба

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип, бидејќи околу 10.30 часот бил затекнат при вршење кривично дело „тешка кражба во обид“.

Тој како што нагласуваат од полицијата, со употреба на сила и погоден предмет насилно отворил влезна врата на подрум во зграда на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип.

М.А. бил приведен и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory 

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините