Утрински Весник
Економија

Уапсени двајца дилери на дрога од Куманово додека пакувале кокаин, хероин и марихуана

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Куманово синоќа во 21.30 часот ги уапсило Н.В.(22) од с.Тромеѓа, Кумановско и Д.Ј.(19) од Куманово.

Полициските информации се дека при претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба. Биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Приведените биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најавуваат од МВР.

Можете да прочитате

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра