Утрински Весник
Македонија

Уапсена штипјанка – во нејзиниот дом биле пронајдени дрога и украдени предмети

Уапсена штипјанка – во нејзиниот дом биле пронајдени дрога и украдени предмети

Штипјанка на возраст од 49 години со иницијали Д.Ц. била уапсена од полицијата на 29 ноември.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен со судска наредба, во нејзиниот дом биле пронајдени и одземени 13 пакувања прашеста материја и предмети кои потекнуваат од кривични дела кражба и тешка кражба.

Д.Ц. била приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Одземен му е пасошот на професорот кој сексуално вознемирувал ученичка

Лекарска комора: 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место

На ГП Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле