Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: СДСМ и ДУИ да понесат одговорност наместо да ги штитат фирмите

(Видео) Митева: СДСМ и ДУИ да понесат одговорност наместо да ги штитат фирмите

ВМРО-ДПМНЕ продолжува јавно да бара одговори од власта која за автобуската несреќа во која 45 наши сограѓани ги загубија своите животи, се уште нема никаква одговорност.

„Власта треба да одговори дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно на повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?” изјави Митева на денешната прес конференција.

Митева додаде дека јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс?

Власта треба да одговори, а потоа неопходно е да понесе одговорност за сите неправилности, за сите пропусти кои се резултат на неспособноста да се справат со сите предизвици и да ги ослободат институциите да функционираат согласно нормите и прописите и истите да се почитуваат во целост, изјави Митева.

Можете да прочитате

Во Охрид почина деветмесечно бебе

Истрага за продолжено кривично дело измама

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје за сторено кривично дело „измама”