Утрински Весник
Свет

Турција ја потврди ефикасноста на кинеската вакцина од 91,25 проценти

Турција ја потврди ефикасноста на кинеската вакцина од 91,25 проценти

Вакцината против Kовид-19 што ја разви кинески „Синовак биотек“, „коронавак“, е ефикасна 91,25 проценти, а стапката најверојатно ќе се зголеми врз основа на податоците од студијата во доцната фаза, соопштија турските научници.

Турција со тоа стана втора земја што даде резултати за кинескиот кандидат, пренесува „Ројтерс“.

Истражувачите, дел од владиниот научен совет, рекоа дека не биле откриени поголеми симптоми за време на студијата за „коронавак“ во Турција, освен за една личност која имала алергиска реакција.

Турција има договор за набавка на 50 милиони дози на „коронавак“ од „Синовак“ до 11 декември, но испораката е одложена.

Министерот за здравство Фахретин Коча рече дека вакцините ќе пристигнат во Турција во понеделник, додавајќи дека Турција ќе вакцинира околу девет милиони луѓе во првата група, почнувајќи од здравствените работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: Западот сака да ни ја прекрои историјата

Голем пожар ја зафати шумата Фонтенбло јужно од Париз

Експертски панел на ЕУ препорача ограничување на социјалните мрежи за деца под 13 години