Утрински Весник
Македонија

Турција депортирала државјанин на С.Македонија заробен во Сирија

Турција депортирала државјанин на С.Македонија заробен во Сирија

Анкара, 11 март 2020 (МИА) – Еден државјанин на Северна Македонија и еден на Германија кои биле дел од терористичка група се депортирани од Турција во нивните земји, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Тие биле заробени во Сирија како припадници на ИСИС.

Владата во Анкара најави дека ќе продолжи да ги враќа заробените терористи во матичните змеји и покрај противењето на некои европски држави, пренесува агенцијата Анадолија.

Според податоците на турското МВР, лани од Турција во нивните земји на потекло биле депортирани 780 странски терористи.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ

Шокантно откритие: Институт регистриран во кладилница, откри Јаневска