Утрински Весник
Култура

Турскиот театар ќе ја изведе репризата на претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов

НУ Турскио театар ќе ја изведе репризата на претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, а во режија на Нела Витошевиќ на 11 мај (среда).

Претставата со почеток во 20 часот ќе биде изведена на сцената на Театар „Комедија“ со титл на македонски јазик.

„Галеб“ е драма што зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело Чехов на трагикомичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува синџир ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности, со кои не може или не знаат да се справат.

„Во претставата ние се обидовме да навлеземе длабоко во тие ликови и да направиме едно современо видување на ‘Галеб’, каде што отворивме две важни теми: конфликтот помеѓу две генерации (постара и помлада) и последиците од невозвратена љубов. Ставивме акцент и на проблемот како постарите генерации играат улога во кршење на соништата на помладите и како го убиваат детето во нас“, се наведува во најавата на претставата.

Автор: Антон Павлович Чехов
Режија: Нела Витошевиќ
Драматургија: Викторија Рангелова
Сценографија: Костантин Трпеноски
Костимографија: Роза Трајчевска Ристоска
Дизајн на светло: Васил Христов
Дизајн на плакат: Дамјан Момировски
Фотографија: Кире Галевски

Улогите ги толкуваат:

Ирина Николаевна Аркадина Трепљова: Несрин Таир
Константин Гаврилович Трепљов: Хакан Даци/Осман Али
Петар Николајевич Сорин: Џенап Самет
Нина Михајловна Заречна: Стефанија Начевска/Сузан Акбелге
Маша: Ебру Мусли
Борис Алексеевич Тригорин: Селпин Керим
Евгениј Сергеевич Дорн: Метин Ибрахим
Семјон Семјонович Медведенко: Неат Али

Текстот Турскиот театар ќе ја изведе репризата на претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“