Утрински Весник
Магазин

Курњикова со семејна фотографија му го честиташе роденденот на Иглезијас

Пејачот и латино заводник Енрике Иглезијас во неделата го прослави својот 47. роденден.

Неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курњикова, на својот Инстаграм-профил сподели семејна фотографија – Ана и Енрике со трите деца, близнаците Николас и Луси и помалата ќерка Мери.

Имајќи предвид дека тие ретко објавуваат фотографии на кои целото семејство е заедно, оваа објава набрзо заработи повеќе од 150.000 лајкови. Ана покрај фотографијата напиша: „Среќен роденден на најдобриот тато! Те сакаме многу!“.

Набргу потоа пејачот возврати со објава во која ѝ го честита Денот на мајката кој се прославуваше во неделата. Тој на Инстаграм објави видео во кое поранешната тенисерка танцува во нивниот двор со четиригодишната Луси. Во позадината се слуша песната I Love Rock ‘N’ Roll.

Иглезијас напиша: „Среќен Ден на мајката на сите мајки ширум светот.“

Можете да прочитате

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“