Утрински Весник
Спорт

Турскиот голман Рушту Речбер излезе од болница по 11 дена борба со Ковид-19

Турскиот голман Рушту Речбер излезе од болница по 11 дена борба со Ковид-19
Ss2

Истанбул, 6 април 2020 (МИА) – По 11 дена борба, во тешка состојба и приклучен на респиратор, Рушту Речбер го победи коронавирусот и излезе од болница.
За неговата состојба алармира сопругата Исил која пред пет дена, на социјалните мрежи, откри за болеста на легендарниот турски фудбалски голман.
„Со денови имаше температура. Потоа дојдоа и симптоми какви никогаш немал, почувствувал или видел. Се жалеше на замор, на слабост, на загубен апетит, кожата му стана сива, дишеше брзо и тешко, а кашлицата не престануваше. Не можеше да зборува и имаше неправилен пулс“, напиша Исил на социјалните мрежи. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам