Утрински Весник
Македонија

Несовесно одлагање отпад во Општина Ѓорче Петров

Несовесно одлагање отпад во Општина Ѓорче Петров

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Непознати лица денеска во попладневните часови исфрлиле огромен број документи на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

ЈП Комунална хигиена информира дека нивни екипи веднаш интервенирале на терен и ги подигнале  расфрланите отпадоци што ќе бидат доставени до Инспекторатот на Градот Скопје, со цел навремено да се откријат и санкционираат прекршителите на Законот за јавна чистота.

 

– Апелираме до граѓаните на градот Скопје во овој период особено да внимаваат каде и на кој начин го одлагаат својот комунален отпад, затоа што со ваквите постапки значително се зголемува и ризикот од ширење заразни заболувања. Отпадот треба да се одлага уредно спакуван и исклучиво во поставените садови, а не во нивната околина или на други јавни површини, со цел да се спречи евентуалното создавање диви депонии. Само преку правилното постапување со отпадот, ќе го заштитиме сопственото и јавното здравје, порачува во пишана изјава директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје Абдусамед Шабани.лв/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче