Утрински Весник
Спорт

Турнирот во Индијан Велс нема да се одржи заради коронавирус

Турнирот во Индијан Велс нема да се одржи заради коронавирус

Индијан Велс, 9 март 2020 (МИА) – Организаторите на тенискиот турнир во Индијан Велс, кој требаше да се одржи оваа недела, известија дека поради коронавирусот, нема да се игра. Причината е што се откриени заразени лица на подрачјето на турнирот.

Одлуката е донесена по консултација со експерти и со властите во државата Калифорнија. Не е соопштено дали Мастерсот ќе добие нов термин или воопшто е откажан.

– Ние сме подготвени да го одржиме турнирот во друг термин и ќе разгледаме опции за такво нешто, изјави Томи Хас, директор на турнирот.

Мастерсот во Индијан Велс е еден од најголемите турнири во календарите на АТП и ВТА. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград