Утрински Весник
Свет

Туристка од САД силувана во јавен тоалет во центарот на Париз

Dik 300x250 mk

Туристка од САД (27) била силувана во јавен тоалет во центарот на Париз, што ја шокирало париската јавност, која прометната област покрај реката Сена ја сметала за безбедна.

dobivaj vesti na viber

23-годишен маж е обвинет и приведен за силувањето.

Жената била силувана кога таа и нејзиното момче биле покрај реката во саботата вечерта, во центарот на туристичкиот кварт на Париз, недалеку од катедралата Нотр Дам, пренесува „Гардијан“.

Во еден часот по полноќ, 27-годишната жена отишла во јавниот тоалет во близина на мостот Луј-Филип. Тоалетот се наоѓа во близина на локали и е дел од новите објекти поставени пред шест години, кога беа забранети автомобили во областа покрај реката.

Локалниот весник „Le Parisien“ објави дека партнерот ја чекал жената во близина на тоалетот, но се загрижил бидејќи таа долго се задржала. Тој се приближил до тоалетот и слушнал плачење, а потоа ја видел својата партнерка.

Чуварите во областа пришле на помош, а полицијата го уапсила мажот, кој живее во населбата Асниер-сур-Сен, во близина на Париз.

Во првите разговори во полиција тој го негирал силувањето и рекол дека жената се согласила на сексуален однос.

Жената веднаш била префрлена во болница во Париз. Откако дала изјава во полиција, таа и нејзиниот партнер се вратиле во САД.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим