Утрински Весник
Свет

Пироман од Херцег Нови подметнал десет пожари

Полицијата во Херцег Нови го идентификувала и го уапсила Л.Р. (19) од тој град, кој е осомничен дека од 24 јули до 8 август подметнал 10 пожари на територијата на таа општина, соопшти денеска црногорското МВР.

dobivaj vesti na viber

Тој е обвинет за подметнување пожари во дел од Херцеговина, палење на ниска и висока вегетација покрај регионалните патишта, во Њивице, Жвиње, Суторина, Поди, Камен, Мокрине, Ситница, Зеленица и Кумбор.

Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна надлежност кај државниот обвинител во Котор.

 

Можете да прочитате

Украина: Повторно стабилна врска со Starlink

Маск: Украинските елити се збогатија, додека децата на обичните граѓани се испраќаат во војна

Француските трговци ги заковуваат излозите пред новите протести, се плашат од грабежи