Утрински Весник
Економија

Туристичко-угостителската комора подготвена да обезбеди 5.000 работници за спас на секторот

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работата во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е закана за опстојувањето на голем број деловни субјекти.

„Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани. Сметаме дека доколку овие лица може да се вработат под истите услови како и нашите државјани значително ќе го ублажиме сериозниот кадровски проблем со кој се соочуваме“, истакна претседателот на ТУК, Аркан Керим.

На прес-конференцијата се презентираше и втора клучна активност на Комората која треба да овозможи намалување на негативните ефекти предизвикани од мултиплицирачката криза врз овој сектор преку обезбедување на финансиска поддршка од ЕУ неповратни фондови за поставување на соларни панели и користење на други алтернативни извори на електрична енергија.

Покрај претседателот активностите на комората ќе ги координираат и четворица секторски потпретседатели Наташа Церековиќ, потпретседател за сектор Угостителство, Васиа Трпеновска, потпретседател за сектор Транспорт на патници, Евалд Коениг, потпретседател за сектор Туристички агенции и Гурсел Карадениз, Потпретседател за сектор Хотели. Во наредниот период ќе бидат избрани и регионални претставници на Комората, со цел да се обезбеди соодветно застапување на сите деловни субјекти на територијата на нашата држава.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година