Утрински Весник
Економија

ТТК Банка со 7,7 милиони денари загуба во првиот квартал

ТТК Банка со 7,7 милиони денари загуба во првиот квартал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – ТТК Банка во првите три месеци од годинава забележа нето загуба од 7,7 милиони денари. Во првиот лански квартал банката оствари нето добивка од 5,7 милиони денари.

Во посоченото тримесечје од годинава приходот на ТТК се намалил за 12,7 милиони денари, по растот од 1,25 милиони денари во истиот период лани, покажуваат резултатите од финансиското работење на банката.

Трошоците за персоналот на ТТК во првиот квартал од годинава достигнале 40,7 милиони денари, што претставува раст за 5,5 отсто во однос на истиот лански период, додека другите оперативни трошоци на банката пораснале за 5,6 на годишно ниво на 34,4 милиони денари.

Нето приходите од камати на ТТК Банка во периодот јануари-март 2020 година изнесувале 80 милиони денари што е за 600.000 денари помалку споредно со лани, додека нето приходите од провизии се зголемиле на 33,2 милиони денари од ланските 31,3 милиони денари.

Вкупните средства на ТТК се намалиле од 8,83 милијарди денари на крајот на минатата година на 8,45 милијарди денари на крајот на март.

Вредноста на кредитите и авансите на сите клиенти, со исклучок на останатите банки, на крајот од март пораснале на 5,13 милијарди денари од 5,1 милијарди денари на крајот на 2019 година, додека депозитите се намалиле на 6,9 милијарди денари од 7,1 милијарди денари. сп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне

Миноски: Македонија функционира по олигархиски модел – државата работи за малкумина, а мнозинството плаќа

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност