Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Тројца обвинети дека украле рачно напишани стихови од хитови на „Иглс“ и сакале да ги продаваат на аукција

Img 7972

Против тројца мажи е покренато обвинение за поседување и заговор за продажба на украдени рачно напишани стихови и ноти на Дон Хенли за големиот хит на „Иглс“ од 1976 година, „Хотел Калифорнија“.

dobivaj vesti na viber

Глен Хоровиц (66), Крег Инсиарди (58) и Едвард Косински (59) во вторникот беа обвинети дека се обиделе да продадат материјал во вредност од над 1 милион долари и дека ги лажеле аукциските куќи, потенцијалните купувачи и органите за спроведување на законот за тоа како ги набавиле.

Окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, тврди дека материјалите вклучуваат стихови на песните Hotel California, Life in the Fast Lane и New Kid In Town, и дека многу од текстовите биле пронајдени со судски налог.

Тројцата се изјаснија дека не се виновни за обвиненијата за заговор и криминално поседување, а Хоровиц за попречување на кривично гонење.

Во заедничката изјава, нивните адвокати тврдат: „Канцеларијата на Брег наведува криминал таму каде што не постои и неправедно го нарушува угледот на почитувани професионалци. Ние енергично ќе се бориме против овие неоправдани обвиненија. Овие луѓе се невини“.

Обвинителите наведуваат дека потенцијален биограф на „Иглс“ ги украл материјалите кон крајот на 1970-тите и ги продал на Хоровиц, трговец со ретки книги, во 2005 година.

Потоа, Хоровиц, наводно, ги продал материјалите на Инциарди и Косински, кои пак се обиделе да ги продадат во аукциските куќи „Кристи“ и „Сотби“ или да го принудат Хенли да ги откупи.

Обвинението содржи десетици мејлови за наводната шема на обвинетите, вклучително и сугестијата на Хоровиц да се преправа дека пејачот на Eagles, Глен Фреј, му ги дал украдените текстови.

Рок класикот „Хотел Калифорнија“ е насловна нумера на истоимениот албум на „Иглс“ од 1976 година. Песната е позната по апстрактната лирика за која Хенли рече дека ја опишува американската ексцесија, а и по долгата гитарска завршница на Дон Фелдер и Џо Волш. Во 1977 година освои „Греми“ за плоча на годината.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?