Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пратениците во македонското Собрание да го поддржат членството во ЕУ

„Пратениците од сите пратенички групи имаат одговорност пред граѓаните, наместо со блокади и деструкции, преку аргументи и конструктивност да дадат придонес при усвојувањето на заклучоците околу предлогот на француското претседателство“ порачуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму напоменуваат дека „преку заклучоците, дополнително ќе се обврзе Владата актуелната но и секој идна Влада, да ги зачува црвените линии во согласност со Декларацијата донесена во Собранието,а тоа е зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои не смеат да бидат дел од преговарачката рамка“.

„Членството во Европската унија е стратешка цел на државата, пратениците во Собранието преку усвојувањето на заклучоците имаат шанса пред целата домашна и меѓународна јавност да докажат дали се навистина за интеграција во ЕУ или побитно им е да одработуваат за нечии туѓи интереси“ се вели во соопштението на партијата.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври