Утрински Весник
Македонија

Тројца новозаболени од Ковид-19 во Прилеп, а деветмина се излекувани

Тројца новозаболени од Ковид-19 во Прилеп, а деветмина се излекувани

Прилеп, 6 мај 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се евидентирани тројца новозаболени од Ковид-19, а девет пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и во Пласница.

На инфективното одделение во Општата болница во Прилеп се хоспитализирани 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирусот, а пет пациенти се наоѓаат во делот за изолација. Поради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Во моментов во Прилеп во самоизолација се 241 лице. Инаку, во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час. ем/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тројца припадници на „Беланоца“ добија долгогодишни затворски казни

Зајкова од Собрание: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

Намамиле 14-годишно девојче, го претепале и го снимале нападот во Куманово