Утрински Весник
Македонија

Три трафики изгореа на „Кеј 13 Ноември“ во Скопје

Три трафики изгореа на „Кеј 13 Ноември“ во Скопје

Скопје, 24 април (МИА) – По извршениот увид, од МВР за МИА потврдија дека на „Кеј 13 ноември“ во Скопје изутрината се опожарени три трафики, од кои една е угостителски објект.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада, но се уште не се познати причините за неговото избувнување и колкава е причинетата материјална штета.

Од Противпожарната бригада информираат дека интервенирале со две возила и шест пожарникари, на површина зафатена со пожар околу 70 метри квадратни. Пожарот целосно бил изгаснат околу 06.30 часот.

Пожарото бил пријавен во СВР Скопје утрото во 4:28 часот.цр/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија