Утрински Весник
Свет

Три тони хероин од Авганистан пронајдени во Индија

Три тони хероин од Авганистан пронајдени во Индија

Три тони хероин во вредност од 2,7 милијарди долари, по потекло од Авганистан, се запленети во пристаниште во Западна Индија, соопштија официјалните лица.

Двајцата Индијци се уапсени откако Дирекцијата за разузнавачки податоци за приходи (ДРИ) во пристаништето Мундра, пронашла хероин во два контејнери означени дека содржат талк, пишува „Гардијан“.

Авганистан е најголемиот светски производител на хероин, обезбедувајќи меѓу 80 и 90 проценти од светското производство.

Напорите на САД и меѓународната заедница за контрола на трговијата со хероин во Авганистан беа неуспешни многу години.

Можете да прочитате

Бројот загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

Израел се заканува со нов напад врз Иран