Утрински Весник
Спорт

Три меча суспензија за дефанзивецот на Лидс – повредениот жали за таквата одлука

Три меча суспензија за дефанзивецот на Лидс – повредениот жали за таквата одлука
Ss2

Фудбалскиот сојуз на Англија ја одби жалбата на Лидс и ја официјализираше суспензијата од 3 натпревари на дефанзивецот од овој клуб – Паскал Страјк поради црвениот картон заработен минатиот викенд на дуелот против Ливерпул.

Страјт во неделата остро стартуваше врз младиот Харви Елиот (18), по што тој се здоби со тешка повреда на ногата, му беше изместен скочниот зглоб.

300x250 (7)

Страјк се извини по мечот, а Елиот вчера мораше да оди на операција на зглобот.

Лидс без својот играч ќе биде на дуелите со Њукасл, Вест Хем и Фулам, во купот.
Повредениот Елиот денеска испрати поддршка за Страјк.

„Жал ми е поради Паскал. Мислам дека тоа е погрешно, но наскоро тоа ќе заврши брате и брзо ќе се вратиш на теренот. Остани позитивен“ наведе Елиот на социјалните мрежи.

Предвидувањата се дека Елиот ќе паузира околу 6 месеци.

> Три меча суспензија за дефанзивецот на Лидс – повредениот жали за таквата одлука <

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим