Утрински Весник
Македонија

Три лица повредени откако автомобил излетал од коловозот на автопатот Штип – Скопје

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, во близина на наплатна станица „Преод“, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(39) од с. Огњанци, Скопско, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата сопатникот А.Т.(63) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а возачот Г.Ј. и сопатникот Г.П.(52) од с. Петровец, Скопско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираа надлежните.

Можете да прочитате

МВР казни 101 возач поради затемнети стакла

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите

Левица со предлог – закон за јавното здравство