Утрински Весник
Свет

Зеленски: Одвратно е однесувањето на Шредер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека однесувањето на Герхард Шредер е одвратно, откако поранешниот германски канцелар отиде во Москва минатата недела и тврдеше дека Русија сака да „преговара за решение на војната“, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател ги даде коментарите за време на неговото видео обраќање, откако Шредер изјави за германските медиуми дека нема за што да се извинува поради неговото пријателство со Владимир Путин.

„ Едноставно е одвратно кога поранешните лидери на големите држави со европски вредности ја поддржуваат Русија, која води војна против истите тие принципи“, рече Зеленски.

Во петчасовното интервју за Стерн и РТЛ, Шредер директно не ги коментираше размислувањата на рускиот лидер. Сепак, тој рече дека по разговорот со Путин смета дека конфликтот со Русија може да се реши, но дека се потребни дополнителни преговори кои треба да ги водат Германија и Франција.

Тој додаде дека Западот треба да покаже поголемо разбирање кон „вистинските стравови на Русија, која се плаши од притисокот на непријателските земји“.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“