Утрински Весник
Македонија

Три жени повредени во сообраќајна несреќа во Тетовско

Три жени се здобиле со повреди, од кои една е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат с.Желино – с.Лешок, во близина на железничката пруга во тетовското село Ратае.

Како што информираа од МВР, во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(50) од с.Слатино, Тетовско и патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(39) од селото Прлубиште, Тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.Б., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички во возилото „пежо“ од селото Прлубиште, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни