Утрински Весник
Македонија

Триста социјални семејства од Штип ќе добијат прехранбени пакети

Триста социјални семејства од Штип ќе добијат прехранбени пакети

Штип, 14 април 2020 (МИА) – Пакети со прехранбени продукти и средства за дезинфекција ќе им бидат поделени на социјално ранливи семејства од Штип. 

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски денеска информира дека пакетите се донација од компанијата „КИТ-ГО“.

Пакетите ќе бидат поделени во текот на денешниот и утрешниот ден по утврдени критериуми од општинските институции и Центарот за социјални работи во Штип. 

Компанијата КИТ-ГО донира прехранбени производи и средства за дезинфекција во висина од над 140.000 денари што е за поздравување. Сакам да ја изразам мојата благодарност до оваа компанија што покажала општествена одговорност во овие тешки времиња, кога реално на граѓаните им е потребна секаква поддршка и помош, истакна Бочварски.

Тој апелира до сите компании и граѓани кои се во можност да донираат за да им се излезе во пресрет на сите граѓани. вдј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале