Утрински Весник
Политички Партии

Трипуновски: Почитувајте ги мерките, да не дозволиме да претрпиме преголеми штети

Трипуновски: Почитувајте ги мерките, да не дозволиме да претрпиме преголеми штети

 

Скопје, 20 март 2020

Почитувајте ги мерките, да ја заштитиме Република Македонија. Да не дозволуваме да претрпиме преголеми штети. Штитејќи го нашето здравје го штитиме секого околу нас. Да ја одбраниме Македонија.

Државите ги затвораат границите, бизнисите се соочуваат со потешкотии. Во овие моменти, Македонија мора да интервенира и да го помогне бизнисот, особено земјоделството. Граѓаните не смеат да останат на цедило. Потребен ни е стабилен бизнис сектор и земјоделството.

Најважно е во овие моменти да останете присебни, да ги почитувате препораките на Светската Здравствена Организација и на лекарите. Опасноста е голема, но решението лесно, бидете дисциплинирани и одговорни.

Македонија поминала поголеми предизвици, ќе го помине и овој. Македонија ќе успее. Сите ќе успееме. Оваа криза наскоро ќе биде само уште една страница во историјата.

Да ја направиме Македонија горда. Затоа што секој живот вреди.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт