Скопје, 9 јуни 2020
Денеска сум овде во ова населено место, пред се она што успеав да го видам од медиумите, дека млекопроизводителите од овој дел на Република Македонија и речиси сите од останатите делови имаат потешкотии, односно ги немаат добиено субвенциите кои што им следуваат по литар продадено млеко. Затоа денеска во битолскиот регион ќе посетам неколку поголеми фармери и ќе поразговарам со нив за актуелната состојба во која се наоѓаат и нормално нели за потешкотијата со пандемијата од корона вирусот. Од она што првично го добив како информација дека за цела 2019 немаат земено субвенција за литар продадено млеко и дополнително немаат земено субвенција за грло говедо кое што го чуваат во нивното земјоделско стопанство. Тоа е еден сериозен проблем, во разговор со нив ги информирав дека владата на 18.05 има на предлог на министерот Димковски за измена на уредбата и програмата за директни плаќања, каде што субвенцијата за литар продадено млеко ќе се прави на годишно ниво, односно исплатата на субвенцијата. Тоа според мене лично е неприфатливо затоа што ако треба сточарите да чекаат цела година да измине па да има пријавување, па да ги добијат средствата, ќе поминат повеќе од 12 месеци, а на нив тие пари им се повеќе од потребни во тој момент за да го одржат своето производство. Јас оваа прилика ја користам да кажам дека ќе предложам измена на програмата, се со цел да се врати стариот систем на исплата на субвенции со тоа што исплатата ќе биде редовна. Како што си беше квартална, за да не мора земјоделците да чекаат цела година. Исто така ќе го задржиме оној принцип каде што самото министерство и платежната агенција ќе ги црпи информациите од производителите на млеко за да може да се избегне оној момент на пријавување на продадена количина млеко. Исто така нешто кое што треба да се корегира во моментов е целосниот однос кон македонскиот земјоделец. Според мене лицемерно е од една страна во ова тешко време економски да викате дека земјоделците треба да ја прехранат државата и да ги обработуваат нивите, а од друга страна да немате ниту една реална мерка или проект кој во моментов ќе им ја олесни оваа тешка ситуација. Затоа јас многу пати имам кажано како дополнителен заменик министер ќе следам да не се прават злоупотреби во аграрниот сектор и исто така ќе предложам некои работи кои што ќе значат реална и сериозна поддршка на македонскиот земјоделец. Затоа што ние навистина како земјоделска држава треба да го ставаме македонскиот земјоделец во приоритетите на функционирање како држава. Да не бидат бадемите, лешниците и кафето приоритети на Владата, туку да бидат субвенциите и односот кон земјоделците. Еве и овој фармер каде што се наоѓам сега ме информира дека чува повеќе од стотина крави, а изминативе години не добил ниту една поддршка од државата. Ако ние сакаме ваквите фармери да ги зголемуваме како бројка на ниво на држава и сериозно да им се помогне, треба државата да им помогне и да им дозволи државно земјоделско земјиште и механизација и во делот на искористување на ипард средствата, со цел да ги модернизираме. Ова е иднината која треба да биде слика и прилика на ниво на цела територија. Она што денеска го видов навистина од една страна пофални зборови за овој домаќин кој што е храбар во овие тешки услови да се бори со светската пандемија и со оваа тешка економска криза, а од друга страна критика за актуелната власт за игнорантскиот однос. Се надевам дека тоа ќе се смени бидејќи доаѓаат подобри времиња и на политичката сцена и нормално за попросперитетен и попрофитабилен земјоделец.
Изјава на Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки