Утрински Весник
Македонија

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Lekari.webp.webp

Министерството за здравство сè уште пребројува колку кадар недостасува во болниците во јавносто здравство за да се има реална слика како да се респределува медицинскиот кадар.

Министерот за здравство Азир Алиу признава дека има сериозен недостатот на здравствени работници во земјава. Колку вкупно лекари, сестри и техничари фалат низ болниците во Македонија, засега не се знае. Алиу вели дека сè уште се пребројуваат, а пресметката ќе се објави за една недела.

Инаку Алиу присуствуваше на првиот Саем за медицина, стоматологија и фармација-Health Innovation Expo 2025 во организација на Комората на приватното здравство, каде се презентираа нови помодерни медицински апарати, а меѓудругото се говореше за вештачката интелегенција која е алатка за олеснување во медицината и не може да ги замени лекарите, но може да придонесе кон намалување на човечките грешки во медицинскиот третман.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол