Утрински Весник
Спорт

Трипл-дабл на Јокиќ со 49 поени, шоу на Дончиќ, Сабонис ги уништи Лејкерси, 50 поени за Ембид

Трипл-дабл на Јокиќ со 49 поени, шоу на Дончиќ, Сабонис ги уништи Лејкерси, 50 поени за Ембид
Ss2

НБА лигата, синоќа, беше сведок на бруталните партии на Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Џоел Ембид и Домантас Сабонис. Овие тројца го предводеа своите тимови до победите на ЛА Клиперс, Торонто Репторс и ЛА Лејкерс.

Никола Јокиќ го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата. Денвер, по едно продолжение, ги победи Клиперси со 130:128. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 49 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

300x250 (7)

Асистенцијата со која го комплетираше трипл-даблот, ја забележа на 2,2 секунди до крајот, кога Ерон Гордон погоди тројка за победа. Јокиќ блескаше во продолжението, кога во последните 70 секунди постигна седум поени.

Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакнаа и Ерон Гордон со 28 поени, односно Монтеј Морис со 19 поени и по девет скока и асистенции.

На спротивната страна блескаа Ивица Зубац цо 32 поени и 10 скока, односно Реџи Џексон со 28 поени и 12 асистенции.

Далас Маверикс ги победија Торонто Репторс со 102:98. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 41 поен, 14 скока и седум асистенции.

Индијана Пејсерс, во Лос Анџелес, ги победија Лејкерси со 111:104. Домантас Сабонис забележа трипл-дабл од 20 поени, 12 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај Пејсерс беше Карис Лаверт со 30 поени.

Кај Лејкерси се истакна Леброн Џејмс со 30 поени и 12 скокови.

Џоел Ембид забележа 50 поени и 12 скокови во победата на Филаделфија над Орландо 123:110. Ембид, во првата четвртина постигна 20 од 22 поени на Филаделфија. На спротивната страна центарот Мохамед Бамба постигна 32 поени, тој погоди седум тројки од осум обиди.



> Трипл-дабл на Јокиќ со 49 поени, шоу на Дончиќ, Сабонис ги уништи Лејкерси, 50 поени за Ембид <

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал