Утрински Весник
Македонија

Триесет и тригодишен маж загина кај Удово во судир на два автомобили

Триесет и тригодишен маж загина кај Удово во судир на два автомобили
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Триесет и тригодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила кај Удово, а едно лице е тешко повредено.

Според информациите на МВР, несреќата се случила ноќеска во 03.30 часот на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“ помеѓу автомобил „ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и „рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово.

На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот