Утрински Весник
Свет

Тригодишно дете ја спаси мајка си од насилниот татко

Тригодишно дете ја спаси мајка си од насилниот татко

Тригодишно дете во Рим, Италија, излегло од станот, тропнало на вратата на соседите и раскажало како неговиот татко, кој се вратил пијан дома, ја тепал неговата мајка, пишува весникот „Монца тудеј“.

Соседите повикале полиција, а за неколку минути карабинерите го пронашле пијаниот маж кој ја гризел, ја удирал со нозе и со тупаници сопругата, нанесувајќи ѝ повреди. Таткото, кој и пред овој случај имал други прекршоци, е фатен на дело и веднаш е испратен во затвор.

Мајката на тригодишно момче завршила во болница. Таа ѝ изјавила на полицијата дека ова не е прв случај на малтретирање на семејството.

Според италијанските закони, лице кое злоупотребува членови на семејството ризикува затворска казна од три до седум години, а казната се удвојува доколку делото насилство било сторено во присуство на малолетници.

Доколку член на семејство злоупотреби малолетник (дете), законот предвидува поголема казна, од четири до девет години затвор, а ако последица на агресија е повреда на малолетник, казната е од седум до единаесет години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината